Помогни ми

Publisher: БАТА ПРЕСС | Language: Македонски | Year: 2022
Original title: Bana yardım et. | Num. of pages: 222 | Dimensions: 21 | Cover: тврда

Асли Е. Перкер, авторката што на македонските читатели им е позната по романите „Гробот на џелатот“ и „Рецепт за осамени срца“, овој пат ни го довери романот „Помогни ми“, првпат обја- вен во 2015 година. Психолошка, суптилна, длабоко емотивна фикција, што на моменти има елементи на љубовна романса. Главниот лик, пи- сателката Асли, престојува во Австрија на меѓународен камп за писатели. Неодамна ја загуби најважната личност во својот жи- вот, нејзината баба. Таму запознава една госпоѓа, за која, според нејзините искази, фото-албумите и другите елементи излегува дека има 130 години. Дали оваа стара дама е бесмртна!? Дали мачката во куќата каде што престојува е реинкарнирана- та верзија на нејзината баба. Во заднината на безбројните психо- лошки и морални дилеми се појавуваат и љубовта и љубомората. А и прашањето дали Истанбул може да биде внимателен кон ин- валидизираните лица како Виена? И така, низ сторијата што се одвива како приказна во при- казна, меѓу писателите што престојуваат во Австрија се шират остри препирки околу војните во Босна и поранешна Југосла- вија. Дали е оправдана еутаназијата? Колку пати човек може да биде убиец? Овие и други дилеми Асли Перкер мајсторски ги спојува во прекрасна новела што е преведена на англиски, германски и на други јазици во светот. „Не знам, многу сум среќен што ја открив Асли Перкер. Ме потсети малку на Алпер Џаниѓуз. Нејзините книги се полни со такви чудни, мистериозни работи и толку пријатни читање. Најмногу ми го привлече вниманието Рецепт за осамени срца, дело преведено на 22 јазици.“ – Омер, Кроник Окур

Price: 400 ден

5 in stock

Compare
Sold By БАТА ПРЕСС

Report an abuse for product Помогни ми

Categories: ,
SKU: 978-608-253-172-4

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Помогни ми”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in