Последиците од љубовта
Author:
Сулејман Адонија
Publisher:
ИКОНА |
Language:
Македонски |
Year:
2022
Original title:
Тhe consequences of love |
Num. of pages:
257 |
Dimensions:
20
|
Cover:
мека
Приказна за љубовта, сместена против строгите закони на Саудиска Арабија. Неверојатниот роман на Сулејман Адонија е сензуална и интензивно изработена приказна за млад имигрант и девојка зад превезот кои му пркосат на законот и ги ризикуваат своите животи во име на љубовта. Под немилосрдното летно сонце, по улиците на Џеда шетаат жени облечени како долги темни сенки и мажи облечени во светли памучни облеки. Додека повеќето пријатели на Насер го напуштиле градот за да избегаат од жештината, тој мора да остане да работи. Африкански имигрант и аутсајдер, Насер слободното време го поминува посетувајќи кафуле на пријател, пишувајќи писма до неговата мајка во Еритреја и мечтаејќи за гламурозната девојка што се надева дека еден ден ќе ја има. Во едноличноста на боите еден ден тој го наоѓа шаренилото кога неочекувано ќе му падне мало парче хартија пред неговите нозе. Тоа е љубовна белешка од девојка чие лице никогаш не го видел и чиј глас никогаш не го слушнал. За да ја идентификува меѓу морето прекриени жени, таа му наложува да бара пар розови чевли кои ѕиркаат од под нејзината обвиткана абаја.
Reviews
There are no reviews yet.