Последното што тој ми го кажа

Издавач: Топер | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: The last thing he told me | Бр. на страни: 238 | Димензии: 21см | Корица: тврда

БЕСТСЕЛЕР БРОЈ ЕДЕН НА „ЊУЈОРК ТАЈМС“

КНИГА ВО ИЗБОРОТ НА КНИЖЕВНИОТ КЛУБ „РИЗ ВИДЕРСПУН“

МНОГУ ОЧЕКУВАНАТА, НАЈДОБРА КНИГА ЗА ЛЕТОВО ВО ИЗБОРОТ НА „ВОГ“, „ЈУ-ЕС-ЕЈ ТУДЕЈ“, „ЕНТЕРТЕЈНМЕНТ ВИКЛИ“, „СИ-ЕН-ЕН“, „ТАУН ЕНД КАНТРИ“, „ПАРЕЈД“, „БАСЛ“ И ДРУГИ!

„Неодоливо возбудлива“ (според „Ентертејнмент викли“) мистерија за една жена што мисли дека ја нашла љубовта на својот живот – сè до мигот кога тој ќе исчезне.

Пред да исчезне, Овен Мајклс кришум ѝ праќа куса порака на својата љубена сопруга со која е во брак една година: Заштити ја. Иако е збунета и исплашена, Хана Хол точно знае на кого се однесуваат тие зборови – на Овеновата шеснаесетгодишна ќерка Бејли. Бејли, која како дете трагично ја изгубила мајка си. Бејли, која не сака да има апсолутно ништо со својата маќеа.

Хана не добива никаков одговор на сè поочајните повици до Овен, од ФБИ го апсат претпоставениот на Овен, американски федерален маршал и федерални агенти без најава ѝ се појавуваат на куќниот праг во Саусалито, и, по сето тоа, Хана брзо сфаќа дека нејзиниот сопруг не е тој што велел дека е, но и дека, веројатно, токму кај Бејли се наоѓа клучот за вистинскиот идентитет на Овен – и, зошто, всушност, исчезнал.

Хана и Бејли решаваат да ја откријат вистината. Но, кога почнуваат да ги составуваат делчињата од минатото на Овен, сфаќаат дека истовремено заедно градат и една нова иднина – иднина што ниедна од нив не можела да ја замисли ни на сон.

Цена: 350 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач Топер

Report an abuse for product Последното што тој ми го кажа

Категорија:
ИСБН: 978-608-208-700-9

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Последното што тој ми го кажа”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in