Празникот на Прчот

Publisher: КСЦ/Полица | Language: Македонски | Year: 2018
Original title: La fiesta del chivo | Num. of pages: 496 | Dimensions: 21 | Cover: тврда

„Добро ли стори што дојде? Ќе се покаеш, Уранија. Трошиш една недела од одморот, ти што никогаш немаш време да посетиш толку градови, региони, земји што би сакала да ги видиш, во враќање на островчево на кое се заколна дека нема да стапнеш пак. Симптом на опаѓање? Сентиментализам во есента од животот? Љубопитност, ништо повеќе. Да си докажеш дека можеш да одиш по улиците на овој град што веќе не е твој, да ја прошеташ оваа туѓа земја, без тоа да ти предизвика тага, носталгија, омраза, горчина, гнев. Или дојде да се соочиш со руината што остана од татко ти? Да дознаеш што ќе почувствуваш кога ќе го видиш по толку многу години.“

Уранија Кабрал, успешна адвокатка што живее во Њујорк, се враќа во својата родна Доминиканска Република по многу години. Повторната средба со својот татко и со своите роднини ја враќа во 1961 година, кога земјата живее под тупаницата на диктаторот Трухиљо – семоќниот господар на нацијата, кој ги смета земјата и нејзините граѓани речиси како своја сопственост. Но, тој се наоѓа во најкритичниот период од неговото владеење – од сите страни е притиснат да ја демократизира земјата, а зад неговиот грб заговорници спремаат крвав пуч. Таткото на Уранија е еден од првите луѓе на режимот, нешто на што таа сега се навраќа како на стравичен кошмар.

Романот „Празникот на Прчот“ се вбројува меѓу најдобрите во опусот на перуанскиот писател Марио Варгас Љоса, а се смета и за неизбежно дело во поновата латиноамериканска книжевност. Во оваа мешавина од историски факти и фиктивна трилер-драма, претставена преку три наративни нишки, Љоса обработува теми како моќта, сексуалноста и меморијата.

Price: 500 ден

10 in stock

Compare
Sold By КСЦ/ПОЛИЦА

Report an abuse for product Празникот на Прчот

Category:
SKU: 978-608-4850-05-2

Questions and Answers

You are not logged in