Расправа во тројка
Автор:
Џулијан Барнс
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2011
Оригинален наслов:
Talking it over |
Бр. на страни:
222 |
Димензии:
140 x 205
|
Корица:
/
Расправа во тројка е оригинален роман со безвременска тема - прељубата. Во овој љубовен триаголник, трите лика наизменично ја раскажуваат приказната од своја перспектива, во прво лице. Стјуарт Хјуз и Оливер Расел се најдобри пријатели од мали нозе, а се сосема различни карактери: банкарот Стјуарт е помалку несигурен и здодевен, а пак професорот Оливер е духовит, речит и помпезен. Но кога Стјуарт ја запознава убавата, а приземна реставраторка Џилијан Вајат, Оливер просто не може да поверува. Со потајна мисла дека Џилијан заслужува некој како него, тој се влече по вљубениот пар на нивните рандевуа па дури и прифаќа да им биде кум на свадбата. Но набргу по свадбата, кумот го прави најнеочекуваното, ѝ изјавува љубов на жената на својот најдобар пријател. Тогаш двајцата најдобри пријатели стануваат најголеми ривали.Со мајсторска техника на раскажување, Барнс напишал духовит и забавен роман испреплетен со доза на црн хумор. Различните верзии на настаните му оставаат на читателот да биде конечниот судија, а со тоа и конечниот автор. За Расправа во тројка Џулијан Барнс е добитник на наградата При Фемина.„Интеракција на сериозни мисли и неверојатна духовитост... Трогателен, смешен, застрашувачки... Белетристиката во најдобро светло!“Њујорк тајмс
Оценки
Сѐ уште нема оценки.