Разбуди го родителот во себе : како родителството да стане уживање
Author:
Соња Китановска-Кимовска
Publisher:
Арс ЛАМИНА |
Language:
Македонски |
Year:
2021
Original title:
Разбуди го родителот во себе : како родителството да стане уживање |
Num. of pages:
192 |
Dimensions:
165x195
|
Cover:
тврда
„Книгата изобилува со применливи техники и активности што им овозможуваат на родителите непосредна позитивна интеракција и комуникација со децата и нивно мотивирање за позитивни промени“, д-р Олга Мурџева-Шкариќ, доктор на психолошки науки.
„Често на моите клиенти им велам дека треба да ја развиваат и да ја користат мудроста на родителството. Токму тоа Соња го нуди во својата книга, ги споделува нејзините и научните мудрости на родителството и мајчинството“,
проф. д-р Сашо Кочанковски, доктор на психолошки науки и гешталт-терапевт.
„Методички практикум со кој авторката се впушта во најенигматичната и најблагородната мисија: ВОСПИТУВАЊЕ НА ДЕЦАТА. Книга што има футуролошки димензии не само од научен аспект, како практичен труд, туку и од комерцијален аспект, наменета за најширокиот пазар: родители, детски градинки, основни училишта, библиотеки итн.“,
проф. д-р Владимир Михајловски, дипл. психолог, дипл. педагог.
„Силно емотивно, практично потврдено, применливо, разбирливо и интелектуално достапно четиво не само како прирачник за секојдневна практика во меѓусебната комуникација родител-дете туку и за широк аудиториум од воспитувачи, наставници, специјализирани и стручни и нестручни лица во темата. Со надеж дека во ова време на социјална дистанца и меѓусебно отуѓување четивото ќе го пронајде патот до срцата на најшироката јавност, најтопло го препорачувам како неопходно потребно и особено полезно, како во процесот на учењето на родителството, така и во секојдневната општа комуникација“, Зорица Ангеловска, психолог, лиценциран стручен работник, лиценциран воспитувач во пензија, обучувач за практична примена на вештини за комуникација на родители, воспитувачи и наставници.
„На јасен и неверојатно читлив јазик, авторката се обраќа непосредно, не од позиција на надмен научен авторитет, туку од позиција на ’паталец‘, кој со уверлива искреност ги пренесува сопствените размислувања и искуства. Примерите од личното искуство ù даваат посебна уникатност и шарм на книгата“,
Силвана Нешковска, универзитетски професор, мајка на две деца.
„Книга во која ќе се пронајде секој родител“, Весна Димовска, академски сликар, мајка на две деца.
Reviews
There are no reviews yet.