Си беше една жена која сакаше да го убие детето на соседката
Author:
Људмила Петрушевскаја
Publisher:
ИЛИ-ИЛИ |
Language:
Македонски |
Year:
2015
Original title:
Жила-была женщина, которая хотела убитЬ соседского ребенка |
Num. of pages:
196 |
Dimensions:
20х13
|
Cover:
/
Збирката раскази, со која Петрушевскаja за првпат му се претставува на македонскиот читател, претставува избор од можеби највиталната страна на нејзиниот писателски опус - загадочните и фантастични раскази. Тие се поделени во четири тематски целини според циклусите кои самата авторка ги уреди за руското издание. Љубопитниот читател ќе сретне мрачни и надреалистични вињети, раскажани во манирот на урбаниот фолклор, апокалиптични приказни за пропаста на социјално-политичкиот поредок, раскази кои ги истражуваат меѓучовечките односи под заканата од непознатото и после смртта, и вистински бајки за возрасни, како што самата писателка ги нарекува некои од своите прозни дела. Оваа книга на руската писателка е посветена на љубовта - поточно, таа е посветена на разните видови љубов, почнувајќи од речиси детската, безнадежна и вечна, и завршувајќи со умната и мудра љубов, љубовта која е подготвена на сè, која простува и која спасува. Судејќи по напишаното, писателката знае многу приказни, и еден дел од нив претставуваат бајки со среќен крај, додека други наликуваат на старите балади во кои бесмртна останува само љубовта. Уживајте!
Reviews
There are no reviews yet.