Тетка Маре
Author:
Маја Кучерска
Publisher:
Антолог |
Language:
македонски |
Year:
2015
Original title:
Тётя Мотя |
Num. of pages:
432 |
Dimensions:
13x20
|
Cover:
/
Современата Ана Каренина се вика Тетка Маре и не треба да скока под воз. „Неверството е банална забава за женските романи“, тврди Тетка Маре (или Марина), бивша учителка по руски јазик и литература, во сегашноста лектор на дневен весник и хероина на истоимениот роман на Маја Кучерска. Неочекувано, таа ќе се најде во средиштето на настаните: љубовна врска што таа ја посакува, исто колку што се срами од неа, задушлив семеен живот, налудничав ритам на работата во весникот... Случајно добива писменце од селски учител: спор живот на провинциски град, слики на исчезнатиот руски живот, сцени од панаѓурот во Нижни Новгород и чајните плантации во Цејлон.„Маја Кучерска успева да исцрта љубовен триаголник, деликатно да проговори за верата и да вметне историска линија во раскажувањето“.Наталија Кочеткова, Time Out
Questions and Answers
You are not logged in