Црвен сирак
Мо Јен (1955 г.) е еден од најпознатите современи кинески писатели, добитник на Нобеловата награда за литература во 2012 година.
„Нобеловата награда за литература во 2012 година се доделува на кинескиот писател Мо Јен, кој со халуцинантен реализам ги спојува народните приказни, историјата и современоста...“
– Петер Енглунд
Новелата Црвен сирак е дел од истоимениот циклус новели со кој авторот стекна светска слава, според кој е снимен филм што на фестивалот во Берлин во 1988 година ја доби наградата „Златна мечка“. Во овие новели, користејќи митски елементи, авторот ја раскажува историјата на три генерации од едно семејство за време на јапонската окупација на Кина во триесеттите години на XX век.
Основен мотив што се провлекува низ новелата е црвениот сирак, растение што се користи за храна и за подготвување ракија, што во времето во кое владее мир служи како метафора за животот на село, во војната станува симбол на борбата за живот, а на крајот се претвора во метафора за промената и загубата. Љубовта и смртта се преплетуваат, доведени до нивната сирова и брутална крајност.
Комбинирајќи ги личните приказни и историските факти, фантазијата и реалноста, политичките и општествените перспективи, Мо Јен создава свет кој со својата сложеност и необичност потсетува на делата на Вилијам Фокнер и на Габриел Гарсија Маркез.
Reviews
There are no reviews yet.