Викендичка со базен

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Zomerhuis met zwembad | Бр. на страни: 320 | Димензии: 13x20 | Корица: /

Кога лекувањето на познатиот актер Ралф Мајер ќе тргне во погрешна насока и тој умира, доктор Марк Схлосер мора да дојде до некои одговори. Иако лично не е премногу засегнат од смртта на актерот, угледот е сè во неговата професија. Марк знае дека не може вечно да се крие од вистината. Сè почнува минатото лето. Докторот, неговата сопруга и нивните две убави ќерки тинејџерки поминуваат една недела на Медитеранот, во викендичката на семејството Мајер. Покрај домаќините тука се уште и филмскиот режисер Стенли Форбс и неговата млада девојка. Друштвото ужива во сончевите денови, доброто вино и излетите на плажа, но, кога еден насилен настан ќе ја наруши идилата, се откриваат мрачните пориви и одеднаш никому не може да му се верува. Прекрасното летување се претвора во кошмар, а на површина испливува и поврзаноста меѓу подоцнежната смрт на Ралф и вознемирувачката реалност скриена зад летната трагедија.

Цена: 400 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Викендичка со базен

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-395-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Викендичка со базен”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in