Витраж во сеќавањето
Author:
Владимир Пиштало
Publisher:
Прозарт Паблишинг |
Language:
Македонски |
Year:
2020
Original title:
Vitraž u sećanju |
Num. of pages:
164 |
Dimensions:
20 см
|
Cover:
/
Оваа збирка, напишана во средината на ужасните 90-ти, целата е во знакот на згрчена болка, предизвикана од мрачната темнина што постојано лебди над овие простори, со цел да го распадне она што, во меѓувреме, барем и малку добило некаква значајна форма. Во „Витраж во сеќавањето“ отровното јадро на војната е набљудувано како грдо претчувство или како тешко сеќавање. По ова писмо на Пиштало, се гледа дека тој го апсолвира и дешифрира Балканот, за што зборува и приказната „Мостар“. Во неа, тој пишува: „Животот овде штотуку се собра во рај, а потоа ветерот го однесе. Единствено животните приказни ги надминуваат перипетиите на историјата и повторно се докажуваат како повредни од сѐ на Балканот што можело да се пофали со трајност“
Reviews
There are no reviews yet.