Во војната и љубовта

Publisher: Сакам Книги | Language: Македонски | Year: 2021
Original title: Во војната и љубовта | Num. of pages: 231 | Dimensions: 21 | Cover: мека

Кога самите се ставате во инфериорна положба во однос на другите, не може да очекувате другите да ве стават на пиедестал. Ќе завршите на местото кое самите сте си го одредиле… Сара е девојка која отсекогаш имала проблеми со самодовербата и нејзиното јас е потиснато од егото на нејзиното долгогодишно момче. Но, една ноќ, кога поради силно невреме е принудена порано да се врати дома и го наоѓа со друга девојка во куќата во која заедно живеат, нејзиниот свет се руши и таа е принудена да се промени и да почне да се залага за себе. Сама, невработена и без дом, ќе најде утеха кај нејзиниот брат, кој ќе ѝ даде засолниште додека се снајде и почне да си го средува животот. Иако тешко, ова искуство ѝ ги отвора очите за многу работи, ја зајакнува како личност и ја прави независна. Но, кога во нејзиниот живот влегува Марко, нејзиниот мал стабилен свет повторно се разнишува. Марко е исклучително амбициозен и успешен маж за кого и покрај целиот успех, најважни остануваат семејните вредности. Тој премногу го цени своето семејство, а уште повеќе сака да оформи свое. Но, кога е оставен од долгогодишната девојка ноќта кога сака да ја запроси, решава дека сите вредности кои нему му се свети, очигледно не се тоа што жените го бараат. Токму таа ноќ, кога животите им се променети засекогаш, Сара и Марко се среќаваат, но не на добар начин. Напротив, ужасната ноќ за памтење е ноќ која и двајцата сакаат што побрзо да ја заборават, надевајќи се дека никогаш повеќе нема да налетаат еден на друг. Но, судбината има друг план…

Price: 300 ден

5 in stock

Compare
Sold By Сакам Книги

Report an abuse for product Во војната и љубовта

Categories: , ,
SKU: 978-608-4741-16-9

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Во војната и љубовта”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in