Војна и терпентин

Publisher: Антолог | Language: Македонски | Year: 2018
Original title: / | Num. of pages: 320 | Dimensions: 13x20 | Cover: мека

Урбан Мартин оставил два нотеса зад себе. Тие го откриваат целиот негов живот. Живот на уметник, војник, љубовник и на некој што ја преживеал Првата светска војна. Овие нотеси се откриени 30 години подоцна од страна на неговиот внук, писател, кој преку нив воздигнува еден свет што исчезнал. Тоа е периодот на крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век. Период што за Урбан Мартин е исполнет со голема сиромаштија, воени ровови, губење на љубената, многубројни премрежиња, до живот на скромен верник и исклучителен сликар. Во своите нотеси тој пренесува речиси половина век, а со своите описи и големата љубов моќно одѕвонува и сто години подоцна. Борејќи се со оваа приказна, внукот поминува низ годините, барајќи начин да ја разбере сопствената улога во времето.

Преполн со живописни детали, размисли за сликарството и за музиката, овој фасцинантен дијалог меѓу мртвиот сликар и неговиот внук е драгоцена средба на минатото што сме го заборавиле и на сегашноста што сè помалку ја разбираме.

Вешто изработена како ренесансна фреска, Војна и терпентин слика извонреден портрет на еден човек, откривајќи како еден живот може да одекнува низ вековите.

Романот е преведен на повеќе од 20 јазици, а списанието Њујорк тајмс го вброило во десетте најдобри книги за 2016 година. Книга што се сака и не може да се заборави!

 

„Моќна приказна за војната, спомените, љубовта и за уметноста.“

Њујорк тајмс

Price: 350 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Антолог

Report an abuse for product Војна и терпентин

Category:
SKU: 978-608-243-267-0

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Војна и терпентин”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in