Желбите не ги пишуваат романите

Publisher: КУЛТУРА | Language: Македонски | Year: 2019
Original title: Желбите не ги пишуваат романите | Num. of pages: 217 | Dimensions: 20 см | Cover: /

Романот „Желбите не ги пишуваат романите“ е емотивна приказна за две жени: Калина и Елена приближно на исти години со кои животот сурово се поиграл и ги натерал да се соочат со вистината дека животот е борба, затоа собираат храброст и судбината ја земаат во свои раце…

Калина ќе ја испрати ќерката Илина на школување во Америка. Нивната разделба е болна, но има цел…
Елена, длабоко разочарана во љубота заминува на дошколување во Америка, оставајќи ги зад себе своите најмили. Со упорна работа постигнува голем успех на професионален, но не и на приватен план.
Нејзиниот брак се распаѓа, а таа во туѓина останува сама…
***
Годинава славам голем јубилеј. Се навршуваат 50 години (1969-2019) откако сум дојдена од Косово во Македонија, со цел да го продолжам моето образование. Со стекнав со факултетска дипломата, но назад не се вратив. Останав тука, во Скопје, се вработив, формирав семејство, станав баба, дочекав пензија, напишав петнаесет романи…

Животот ми беше целосно исполнет, за ништо не жалам и ништо не би менувала. Сега е дојдено времето да уживам во плодовите од мојот труд.

Додека ги пишувам овие редови се просетив дека, ако не живеевме во заедничката држава Југославија, и мојата „карта“ ќе беше карта за во еден правец како онаа на Елена, Илина и на илјадници други…

Price: 300 ден

5 in stock

Compare
Sold By Култура

Report an abuse for product Желбите не ги пишуваат романите

Categories: ,
SKU: 978-608-262-004-6

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Желбите не ги пишуваат романите”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in