Жолти очи дома водат

Publisher: Антолог | Language: Македонски | Year: 2013
Original title: Žluté očí vedou domu | Num. of pages: 144 | Dimensions: 13x20 | Cover: мека

ЕДИНСТВЕНО ЗА ЧИТАТЕЛИТЕ НА КУПИКНИГА САМО ПЕТ ДЕНА ВО ПРЕТПРОДАЖБА СО ПОПУСТ ОД 20%.


 

       Има еден мост во Прага подалеку од Карловиот мост, кој ја поврзува Чехословачка, денешна Република Чешка со Бразил; мост кој го изодуваат четирите жени-протагонистки на овој прекрасен роман. Марта, Лена, Луиза и Марушка четири многу различни жени, кои животот се помачил да ги спои со големо ласо, кое оди и се враќа од Прага до Сао Пауло. Две млади и две возрасни жени кои не ги ни замислуваат изненадувањата кои ќе им ги приреди нивната средба. Од потрагата по сопствениот идентитет, искоренувањето на иселените до љубовните и политички компликации, нивните приказни се нижат во една страсна приказна, проткаена со падот на комунизмот и еден љубовен триаголник, кој со текот на годините го формирале Луиза и Марушка со шпионот Јаромир.

 

„Прекрасна прослава на животот со целата негова полнокрвност, сировост, нежност.“

Ивана Српкова, Илитература

 

„Четири жени, еден маж, два континента, две генерации, две култури, две диктатури – споени во прстенот на судбината...

Какво романсиерско деби!“

Сабине Беркинг, Франкфуртер алгемајне цајтунг

 

„Нарацијата изобилува со егзотичен колорит, мноштво природни, културни и општествени реалности на оддалечениот континент. Овие реалности истовремено се органски споени во поедини наративни монолози и потчинети на стожерната тема на романот: да се бара сопствениот идентитет во дијалогот на машкото и женското гледање на светот во конфронтација со различните генерации и култури.“

Од стручното жири за наградата Magnesia Litera

 

Секој што бара ремек-дело на чешката современа литература, ќе се воодушеви од прозното деби на Маркета Пилатова, кое според одушевениот рецензент Андреас Брајтенштајн е истовремено „потајно весело“ и „историски меланхолично“.... Во описите се среќаваат младинската безгрижност и мудроста на годините, потресни спомени од војната со впечатливи љубовни приказни и секојдневниот живот во историјата. Пилатова не раскажува сентиментално, туку со „поетолошка мудрост“.

Реценција од Neue Zürcher Zeitung (Ноје Цирхер Цајтунг)

 

Маркета Пилатова (1973) e преведувачка и писателка. Објавува политички натписи, рецензии, репортажи и колумни во повеќе списанија. Како наставник по чешки јазик престојувала во Бразил и во Аргентина. Дебитирала со романот Жолти очи дома водат, номиниран за високи книжевни награди и досега преведен на пет јазици.

Rated 5 out of 5 based on 4 customer ratings
(3 customer reviews)

Price: 200 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Антолог

Report an abuse for product Жолти очи дома водат

Category:
SKU: 9786084507567

3 reviews for Жолти очи дома водат

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (verified owner)

  2. Rated 5 out of 5

    Dragan Georgievski (verified owner)

  3. Rated 5 out of 5

    Anonymous (verified owner)

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in