Девојчето со две имиња

Издавач: Либи | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Девојчето со две имиња | Бр. на страни: 134 | Димензии: 20 см | Корица: /

Книга за едно семејство што се распаѓа и за две сестрички кои мораат да бидат разделени. Нене (или Даде), постарата сестричка, заминува да живее со тато, а помалечката Снеже, останува со мама. На солзите им нема крај! Едно недоразбирање, едни неискажани зборови и еден недовршен разговор ставаат крај на хармонијата во семејството... Нене не може да се справи со напливот на емоции во своето малечко детско срце. Сакаат да ја разделат од нејзината сестричка Снеже, од нејзиното сонценце што го сака цела една вечност од четири години. Страшно! Не може да им прости на родителите: сега им текнало дека веќе не се сакаат, си решиле господата дека децата можат така, како бонбончиња, или како некоја чоколада да се поделат! Цааап! На ти тебе едно половинче, а ова другото е за мене! Ееее! Не може тоа така, нека извинат, ама не може!... Нене има само една единствена и најголема желба: сето ова да заличи на некаков сладникав филм со среќен крај. Нејзиното сонценце Снеже повторно ќе ги извикува нејзините две имиња: Да-да!!! Не-не!!!

Цена: 200 ден

16 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Девојчето со две имиња

Категории: ,
ИСБН: 978-608-259-417-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Девојчето со две имиња”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in