Дома пред да се стемни

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Home before dark | Бр. на страни: 400 | Димензии: 13×20 | Корица: мека

Меги Холт е познато име за жителите на Вермонт – нејзиниот татко го прославил целото семејство со книгата за куќата „Бејнбери хол“ од која сите побегнале среде глува доба. Неговата хорор-приказна за натприродни и злокобни присуства станала светски феномен на популарност, но и на скептицизам. Меги сега е возрасна и ја наследува „Бејнбери хол“. По смртта на татко ѝ, одлучува да ја открие тајната. За неа духови не постојат и таа е решена по секоја цена да се соочи со она што мисли дека го заборавила пред дваесет и пет години. Но локалните жители не се баш воодушевени од нејзиното враќање зашто мемоарите на татко ѝ го направиле гратчето неславно. Кога Меги почнува да доживува необични нешта исти како оние во книгата, вистината што ќе ја открие е многу поинаква од она што го очекувала. Мрачната историја на куќата ќе го доведе во прашање сето она во што таа верува.

Цена: 450 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Дома пред да се стемни

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-507-7

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Дома пред да се стемни”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in