Иновација и претприемништво
Author:
Џон Бесан
Publisher:
Арс ЛАМИНА |
Language:
Македонски |
Year:
2013
Original title:
Иновација и претпримеништво |
Num. of pages:
604 |
Dimensions:
185/235
|
Cover:
/
Книгата претставува лесно пристапно четиво за иновацијата и претприемаштвото, посебно наменета на студенти на додипломски студии. Пред сè, ќе им послужи на студентите по бизнис и менаџмент, но и на студентите по инженерство и природни науки, кои, исто така, го следат и предметот менаџмент.
Содржи современи апликации, како што се услуги (јавни и приватни), иновација за одржливост, општествено претприемаштво, иновација за развој и создавање и добивање вредност од иновацијата и претприемаштвото.
Во второто издание авторите развиваат експлицитен модел на процесот, со појасни врски меѓу иновацијата и претприемаштвото. Исто така, книгата содржи и исцрпен збир на интернет-материјали, кои опфаќаат и широк спектар практични алатки за поддршка на иновацијата и претприемаштвото, низа аудио и виде снимки, ризница од дополнителни испитувања на случаи и дополнителни материјали за предавачите, како на пример, презентации во „Power Point“, содржина на часовите, решенија и задачи.
Reviews
There are no reviews yet.