Камена веда
Author:
Стојмир Симјаноски
Publisher:
македоника |
Language:
Македонски |
Year:
2007
Original title:
Камена веда |
Num. of pages:
438 |
Dimensions:
17 см
|
Cover:
/
Стојмир Симјаноски е автор на многу записи, легенди, преданија и текстови на теми од фолклорот и историјата, а во тој тематско-мотивски контекст може да се смести и овој роман. Настаните во „Камена Веда“ се лоцирани во едно необично село, не многу оддалечено од градот, но сепак зафрлено, во кое останале да живеат само жените и децата, додека пак мажите се растурени некаде низ светот. Во него се присутни само матичарот, поштарот, продавачот, даскалот и попот и тие палат и гасат во женското село, "бркаат политики" и само "местат" игри и интриги во кои потоа и самите се сплеткуваат. Романот "Камена Веда" потсетува на некој вид новокомпонирана скаска од богатата ризница на народните мудрости со препознатлива типологија на разновидни итроманци кои низ една интересна и провокативна диференцијација на ликовите и преку комични настани и неочекувани пресврти, нужно води кон влегување во сопствените сплетки. Тоа е роман со инвентивен хумор (иако потпрен врз народната мудрост), но истовремено и роман во кој на извонреден начин е пресликан селскиот менталитет и воопшто животот во типичното запоставено македонско село. Со објавувањето на "Камена Веда" македонскиот читател доби роман кој е дефицитарен според својата припадност на хумористичните дела од овој вид, односно доби мошне интересен и провокативен текст кој изобилува, не само со изворен и чист хумор, туку и со уште почиста народна мудрост и селски итроштини.
Questions and Answers
You are not logged in