Невидливиот чувар
Автор:
Долорес Редондо
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
El guardián invisible |
Бр. на страни:
384 |
Димензии:
13x20
|
Корица:
мека
По многу години минати надвор од Елисондо, инспекторката Амаја Саласар се враќа во родниот град за да го најде убиецот што ги избира своите жртви меѓу младите девојки. Тој ги задушува и ги остава голи во шумата следејќи некој вид мрачен ритуал. Додека се обидува да го изгради профилот на убиецот и да ги реши убиствата, Амаја мора да се соочи со сеништата од сопственото минато. Тоа се мрачни епизоди за кои никогаш не зборувала и што ја принудиле да замине без желба да се врати, но измешани и со старите народни верувања од областа Навара. Фасцинантна приказна во која тајните и легендите се испреплетуваат со ужасни злосторства. Што кријат бастанските шуми? „Невидливиот чувар“ е првата книга од „Бастанската трилогија“, преведена на повеќе од 20 јазици. Филмската верзија е изработена од страна на продуцентите на трилогијата „Милениум“ на Стиг Ларсон.
1 оценка за Невидливиот чувар
Questions and Answers
You are not logged in
Слаѓан –
Odlicna, preporacuvam za ljubitelite na triler/misterija – neizvesnost do kraj!
Se cekaat vtoriot i tretiot del 🙂