Пурпурна крава
Author:
Сет Годин
Publisher:
Издавачки центар ТРИ |
Language:
Македонски |
Year:
2009
Original title:
Purple cow |
Num. of pages:
155 |
Dimensions:
140 x 205
|
Cover:
/
Дали сакате да бидете посебни или невидливи?Одлучете сами. Или ќе бидете Пурпурна крава или ќе ве нема. Пурпурна крава означува нешто посебно и незаборавно.Што е тоа што го имаат Старбакс и Џет блу, Криспи крем и Епл, Дач бој и Кенсингтон, Зиспри и Хард кенди - а вие го немате ? Како успеваат тие постојано да ги збунуваат критичарите и да постигнуваат спектакуларен раст, оставајќи зад себе проверени и силни стоковни марки?Соочете се со фактот дека списокот на „п” што маркетингот го користеше со децении за да го привлече вниманието на одредени производи (политика на цените, промоција, публицитет...), во меѓувреме се потроши и дека веќе не функционира. Но постои едно исклучително важно „п” што треба да се додаде во списокот. Тоа е Пурпурната крава - нешто што заслужува посебно да се зборува за него, да биде забележано. Тоа е нешто извонредно. Ново. Интересно. Здодевно е тоа што е невидливо.Постпотрошувачкиот потрошувач потрошил сѐ што можел. Го имаме тоа што ни е потребно, а потребни ни се малку нешта; всушност, премногу сме зафатени за да трошиме време на истражување на тоа што вие со напорна работа сте го создале за нас. Одделот за маркетинг презема речиси завршен производ или услуга и ги троши парите за да ја запознае целната јавност со нивните исклучителни предности. Таквиот пристап веќе не е ефикасен.Оваа книга зборува за тоа зошто би морале да вградите Пурпурна крава во сѐ што создавате и зошто телевизијата и радиото веќе не се вашето тајно оружје. Затоа, доста реклами, дајте иновации.
2 reviews for Пурпурна крава
Questions and Answers
You are not logged in
aleksandar velkovski (verified owner) –
Фросина Трајковиќ (verified owner) –