Воздишката на Сузана
Author:
Јакуба Каталпа
Publisher:
Антолог |
Language:
Македонски |
Year:
2021
Original title:
Zuzanin dech |
Num. of pages:
304 |
Dimensions:
13×20
|
Cover:
мека
Моќно дело за љубовта, за пријателството, како и за љубовта на родителите кон децата. Сузана Либескинд е ќерка на сопственик на фабрика за шеќер. Ништо не ѝ недостига и лесно патува низ секојдневјето опкружена со сладок живот и шеќерна волна. Сузана има двајца другари: Хануш и Јан, а и двајцата ја сакаат. Интелигентна е и убава, а згора на тоа е од богато семејство. Но е Еврејка. Се случува германската окупација и таа завршува во концентрационен логор. Патиштата на тројцата се разидуваат, детството го заменува присилното созревање: Јан му се приклучува на отпорот, Хануш станува колаборант, а Сузана се обидува да ги преживее садистичките експерименти во логорот. Ја победува сета болка што ѝ е нанесена, но, кога се враќа дома за да ја преземе шеќераната од убиениот татко, дознава дека со нејзините карти некој започнал друга игра… Дали сè уште е способна да сака по сè што преживеа? И има ли избор?
Reviews
There are no reviews yet.