Заговорот Моцарт

Original title: The Mozart conspiracy | Num. of pages: 424 | Dimensions: 20 cm | Cover: /

Секој човек има свои тајни, но дали тие тајни остануваат сокриени засекогаш?

Колку долго тајната останува тајна?

Доколку се решите да ја прочитате оваа книга ќе сфатите дека секоја тајна колку и да била добро сочувана и колку и да била стара сепак испливува на површината. Оливер Левелин истражувајќи низ минатото наоѓа факти кои го водат до неочекуваното откритие од минатото-мистериозна смрт на слвниот Моцарт. Откако бил случаен сведок на едно убиство од страна на една секта Оливер е убиен, но пред да биде убиен тој успева да направи снимка на диск кој го испраќа на својата сестра.

Неговото убиство и целиот случај пребрзо се затворени од страна на полицијата. Неговата сестра Ли која е оперска пеачка решава да ја заврши и издаде книгата која ја започнал нејзиниот брат. Своја намера ја открива на TV емисија и со тоа ги навлекла убиците на брат и врз себе.

За да се заштити и воедно и да и помогне таа го ангажира бившиот SAS оперативец Бен-кој бил нејзина голема љубов но и другар на нејзиниот брат на кого го должи својот живот. Така Бен помагајќи и на Ли но истовремено сакајќи да ја расветли смртта на својот другар е заплеткан во мистерија стара неколку векови. Смртта на Оливер во официјалните извештаи била заведена како трагична несреќа, но фактите не се сложуваат и го носат на неочекуван траг од минатото до смртта на познатиот композитор Моцарт.

Истражувајќи ги причините за смртта открива дека славниот копозитор, инаку истакнат масон, го убила таинствената група која се оделила од тој култ. Единствениот траг кој води до таа група се наоѓа во прастарото писмо за кое се верува дека го напишал самиот Моцарт. Така тие обидувајќи се да сфатат што всушност му се случило на Оливер ги разгледуваат неговите документи и ја наоѓаат и видео снимката-како доказ за изведување на обредно жртвување, сфаќаат дека се работи за секта која уште постои и за да ги зачува своите тајни нема да застане пред ништо. Како ќе се снаоѓаат, што сè ги очекува, и каде сè ги води патот за да дојдат до вистината ќе ве оставам самите да откриете.
Rated 5 out of 5 based on 4 customer ratings
(2 customer reviews)

Price: 520 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Матица

Report an abuse for product Заговорот Моцарт

Category:
SKU: 512319961

2 reviews for Заговорот Моцарт

  1. Rated 5 out of 5

    nadica iloska (verified owner)

  2. Rated 5 out of 5

    Radica Todoroska (verified owner)

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in