Живот со фил
Author:
Лидија Ѓорѓевиќ
Publisher:
Ѓурѓа |
Language:
Македонски |
Year:
2021
Original title:
Живот со фил |
Num. of pages:
/ |
Dimensions:
20/12
|
Cover:
мека
Книгата, ЖИВОТ СО ФИЛ на Лидија Ѓорѓевиќ ќе ве соочи со голем број ликови оживеани со неколку реченици, а во некој од нив секој читател, бездруго, ќе се препознае повторно доживувајќи ги спомените на авторката како свои. Ова е полноправно, забавно и сочно четиво, полно со живот.Изобилува и со философија што му дава голема тежина на делото. Авторката на книгава ЖИВОТ СО ФИЛ, животните радости ги преточила во четиво што читателот го води во светот на реалната љубов на нашето секојдневие. Нејзините впечатливи описи на скокотливите сцени ја будат нашата мечта водејќи нѐ кон одговорите на прашањата на кои немаме одговор. Велат: љубовта постои. Но, љубов - љубов - што е тоа? Најнапред, таа е единственото чедо на човекот за кое тој, самиот, не знае ниту кога, ниту како, ниту од каде дошла?! Едноставно, таа во еден незнаен миг ќе ти тропне на тајната врата на срцето и - тука е. Ни си ја повикувал, ни си ја посакувал, ни си се надевал на неа. Ама, таа се вселила во тебе. Започнува да те обзема, да ги затега сите тетиви на телото, а најмногу и најсилно сивите клетки во твојата глава. Потоа, со неа си легнуваш. Со неа се будиш, а сексот станува попатна станица за одмор на телото и мигови на радост. Чувствуваш огнови што го палат твоето срце и го горат твоето тело. Си мислиш: јас љубам! Морам да сакам или ќе умрам. Гревови те разјадуваат додека покајнички и предавнички не заклучиш: ако е тоа грев, Господе, не проштевај ми го! Никогаш. Се чувствуваш човек - жив! Но зборови не се потребни. Јазикот на љубовта веќе се преселил во очите. А со нив откриваш. Го откриваш светот на љубовта и сексот. Ги гледаш нивните интензивни бои. Книгата отвора многу прашања и е некој вид огледалце од оние малите со кое може да се види секоја несовршеност на лицето.Некогаш сме затекнати од тоашто ќе го видиме, некогаш знаеме каде да ја направиме корекцијата, но скоро секогаш тоа соочување со нашите дефекти е непријатно.Поентата е лупата од тоа мало огледалце кое секогаш не соочува да ни е секогаш при рака. Затоа, оваа книга е новост на македонската книжевна сцена и треба да се прочита за читателот самиот себеси подобро да се запознае.
Reviews
There are no reviews yet.