Мотивација
Author:
Брајан Трејси
Publisher:
Паблишер |
Language:
Македонски |
Year:
2015
Original title:
Motivation |
Num. of pages:
124 |
Dimensions:
125х195
|
Cover:
/
Една од најважни обврски што ги имате како менаџер е да ги мотивирате вработените да го дадат најдоброто од себе. Менаџерите кои создаваат работна средина со висока енергија и даваат чувство дека се работи нешто што има вредност, го намалуваат одливот на вработени и истовремено ги зголемуваат продуктивноста и квалитетот.
Потпирајќи се на своето повеќедецениското искуство, експертот за успех Брајан Трејси во Мотивација нуди 21 брза и моќна метода за зголемување на делотворноста на секој поединец или група. Тој ви открива како:
да обезбедите вработените да чувствуваат страст за тоа што го работат
да ги предизвикате со задачи што од нив бараат да направат исчекор
да ја задоволите нивната потреба истовремено да се чувствуваат и независни и дел од тимот
да го намалите стравот од неуспех и да ја зголемите желбата за успех
да ги отстраните пречките што не им даваат да напредуваат
да им дадете повратна информација што им е неопходна за да успеат
Во оваа книга ќе ја научите една од најважните функции на менаџментот – способноста да ги мотивирате другите за врвни достигнувања.
Reviews
There are no reviews yet.