Насредин Оџа : (анегдоти)

Author: /
Publisher: Алманах | Language: Македонски | Year: 2015
Original title: Nasreddin Hoca Fıkraları | Num. of pages: 150 | Dimensions: 21 | Cover: мека

Ова е книга за Насрадин Оџа, анадолскиот шегобиец од Акшехир, историски потврдена личност од 13 век и мудрец со светска слава. Во исто време досетлив, прилагодлив и пркосен, тој е првиот турски народен сатиричар, кој со својот непредвидлив и луциден хумор секогаш стои на страната на народот и неговото исконско трагање по правдината. И кога качен „наопаку„ на неговиот најверен сопатник – магарето, олицетворението на трпеливоста на народот, и кога е без него, Насрадин Оџа не’ засмејува: тој истовремено укажува на општествените состојби и се подбива со нив.Насрадин Оџа досега имавме прилика да го запознаеме само посредно преку малобројните преводи на јазиците од блиското соседство или од втор план, во анегдотите за Итар Пејо, преку нивното меѓусебно надмудрување. Оваа книга е прв директен превод од турски на македонски јазик и содржи 200 анегдоти за Насрадин Оџа, чии шеги од се’ срце ќе ве насмеат но и длабоко ќе ве подзамислат, бидејќи и по толку време не загубиле ништо од својата актуелност.

Price: 400 ден

9 in stock

Compare
Sold By Алманах

Report an abuse for product Насредин Оџа : (анегдоти)

Category:
SKU: 978-608-65688-7-0

Questions and Answers

You are not logged in