Од добри до одлични
Author:
Џим Колинс
Publisher:
Издавачки центар ТРИ |
Language:
Македонски |
Year:
2011
Original title:
Good to great |
Num. of pages:
351 |
Dimensions:
0
|
Cover:
мека
Од добри во одлични ви нуди триста страници полни со револуционерни размислувања, јасни примери и заклучоци поткрепени со податоци. Оваа книга претставува предизвик за сите бизнис-лидери да ја покажат потребната воља да ја претворат својата компанија „од добра во одлична“.Со својот тим на истражувачи, Колинс започнал со подредување на список од 1435 компании, во потрага по оние што покажале значителни успеси со текот на времето. Конечно списокот се свел на 11 - вклучувајќи ги Кимберли-Кларк, Филип Морис, Жилет, Волгринс, Велс Фарго - откривајќи ги нивните заеднички карактеристики кои во голема мера ја оспоруваат конвенционалната претстава за корпоративниот успех. Преминувањето од добри во одлични не бара извонреден извршен директор, најсовремена технологија, иновативно менаџирање, па дури ни прецизна бизнис стратегија. Во својата суштина, овие ретки и навистина одлични компании имале корпоративна култура што постојано барала и унапредувала дисциплинирани луѓе што размислувале и постапувале на дисциплиниран начин.Од добри во одлични е една од оние книги што менаџерите и директорите ќе ги читаат и пречитуваат уште многу години.
2 reviews for Од добри до одлични
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –