Сетилно Брендирање

Автор: /
Publisher: / | Language: / | Year: /
Original title: Brand sense : build powerful brends trough touch, taste, smell, sight and sound | Num. of pages: / | Dimensions: / | Cover: /

Ова е веројатно најкреативната и најстручна книга за сетилно брендирање што досега е напишана. Меѓународната бизнис-легенда Мартин Линдстром ни открива по што се разликуваат најуспешните светски компании за брендирање – по тоа што ги интегрираат допирот, вкусот, мирисот, видот и звукот – и какви се неверојатните резултати од нивните стратегии.Врз основа на најголемото испитување што досега е спроведено во врска со тоа како нашите пет сетила влијаат врз создавањето брендови, во Сетилно брендирање е прикажана иновативната програма во шест чекори на Мартин Линдстром за тоа како ќе се одвива градењето брендови во дваесет и првиот век. Истражувањата, во кои беа опфатени повеќе од десетина земји, се спроведени од страна на Милворд Браун, една од најголемите институции за бизнис-истражувања во светот. Поткрепено со безброј примери за создавање производи, како и за разни искуства во трговијата на мало, Линдстром ни покажува како да се воспостави маркетиншки пристап што ќе ги привлече сите сетила, за разлика од традиционалниот во кој се фокусираме само на сетилата за вид и за слух. Според одредени испитувања, 75 проценти од емоциите се предизвикани од нешто што сме го помирисале; оттаму, авторот објаснува како може да ги искористиме овие наоди. Во книгата се опфатени иновативни алатки за проценување на местото на брендот на сетилната скала, за анализирање на идниот сетилен потенцијал, како и за зголемување на привлечноста на брендот за да се зголеми и бројот на купувачи. Линдстром има направено и листа на најдобрите 20 брендови на иднината, врз основа на нивната сетилна свесност (првите три се: „Сингапур ерлајнс“, „Епл“ и „Дизни“).Следуваат неколку од многуте фасцинантни факти што може да ги најдете во оваа книга:• Пријатниот мирис на нов автомобил, всушност, доаѓа од лименки со аеросол, кои содржат арома на „нов автомобил”.• Заштитниот крцкав звук и крцкаво чувство при јадењето корнфлекс на „Келог“ е создаден во звучна лабораторија и е патентиран исто како и рецептот и логото на компанијата.• „Сингапур ерлајнс“ имаат патентирано мирис што го користат сите стјуардеси во компанијата, го има на сите нивни пешкири и на кој мирисаат сите нивни авиони.• Сетилната уникатност на „Старбакс“ не се поврзува во толкава мера со мирисот и со вкусот на кафето колку со внатрешниот дизајн на кафулињата и со неговото зелено и бело лого.

Price: 500 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Сетилно Брендирање

Category:
SKU: e75fc5c2b5f2

Издавачки центар ТРИ

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Сетилно Брендирање”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in