Сплит
Автор:
Славољуб Станковиќ
Издавач:
ИКОНА |
Јазик:
Македонски |
Година:
2012
Оригинален наслов:
Сплит |
Бр. на страни:
202 |
Димензии:
14x21
|
Корица:
тврда
Насловот Сплит со свеото двојно значење (името на градот на поранешниот Југословенски простор и разделување на англиски јазик), ја задржува особеноста по што овој писател ќе остане препознатлив: интелегентен хумор, остри пресврти, дијалошки заплети со кој се препознава неговата друга професија – текстописец, но и заводлива и само привидна површност, која од далечина ги доловува турбулентните семејни врски, промени, како и пропаднати и новоизградени животи. Сплит е книга за длабоката скриена интима која, маскирана со проѕирноста и суптилните карактеристики на јазикот, го осветлува животот во последните две децении на главниот и друг главен лик – две одлучувачки децении за една денес непостоечка и две постоечки култури чија разлика е во сличностите. Шармантен, духовит роман, со најнеочекувани пресврти, а инспириран од реалноста: на бившата татковина, на семејните тајни, на потрагата по љубовта. Славољуб Станковиќ е читан автор чиј претходен роман „The Box“ беше инспирација за истоимениот филмски хит. „Сплит“ е книга во неговиот докажан, динамичен манир, што тера да биде прочитана во еден здив. Овој роман ќе ве забавува, но и ќе ве замисли.
Questions and Answers
You are not logged in